• contact@jvsnet.com.mk
  • тел:02 3079556 факс:02 5511479

POWERWALKER

PWCatalog_2015
каталог во PDF

Серијата VI  (Voltage  Independent) на  PowerWalker обезбедува стабилен и континуиран извор на енергија. Овие уреди се комбинација од Автоматски регулатор на напон и офлине УПС. Ваквата комбинација покрај тоа што дава одлична заштита на потрошувачите во голема мера го зголемува и животниот век на батеријата , со тоа што АВР го регулира излезниот напон на (± 10V Nominal Voltage). Во зависност од изведбата овие уреди имаат и дел за комуникација со персонални сметачи, НАС-ови на база на УСБ или РС232 т.н “паметен УПС”. Според односот цена/перформанси и изборот на различни модели ова се едни од најупотребуваните уреди, воопшто.
Серијата VFI (Voltage and Frequency Independent) на PowerWalker секогаш дава совршена енергија на излез, без недостаток, со примена на On-Line технологијата. Во VFI серијата има вградена технологија на двојна конверзија. Прв чекор  наизменичната ја конвертира во еднонасочна (ја баферира), втор чекор еднонасочната ја конвертира  во наизменична. Потрошувачите на излез од УПС-от се изолирани од влезниот напоен сегмент и на овој начин секогаш има чист и стабилен напон на излез. Друга голема предност на ваквиот начин на работа на УПС-ите од серија VFI е  технологијата на  “нулта време “ за префрлување од режим на “градска мрежа” во режим на батерија . Разликата на влезниот од излезниот напон  се движи во граници од 1-3% , како по вредност така и во форма . VFI  серијата се користи во: индустријата, податочни центри ,  Cloud Computing, банки, медицински установи, телеком компании
Инвертерите се уреди кои напонот на акумулаторите од еднонасочен (DC) го претворуваат во наизменичен (AC) со големa ефикасност (>70%), за потребите на потрошувачите. Се употребуваат најчесто во домаќинствата и помалите фирми, каде потрошувачката не е поголема од 4kVA. Предноста на инвертерите е таа што овој систем поддржува секаков тип на оловни акумулатори (за автомобили) и може да се зголемува автономијата со додавање на неколку такви.
Серијата  VFD (off-line UPS) Најевтина варијанта на уреди кој ја штитат Вашата ИТ опрема, при снемување на електична енергија. Покрај тоа имааат и заштита од преоптоварување, како на влез така и на излез (battery mode). Принципот на работа е едноставен, се додека има напон на влез дефиниран со одредено ниво (пример 205V), истиот директно се пренесува (bypass) на излез на уредот. Кога напонското ниво е пониско од пропишаното уредот се префрлува на батерија и дава референтен напон  (пример 220V), со враќање на влезниот напон, постапката е обратна.

Пребарување

Ценовник во PDF

Ценовник во PDF

Видео за Нас

Видео за Нас

Преку социјалните мрежи сме достапни