• contact@jvsnet.com.mk
  • тел:02 3079556 факс:02 5511479

УСЛУГИ

ЈВСНет како основна дејност има “Тековно одржување на комјутерски системи”, претежно базирани на WINDOWS оперативен систем. Покрај тоа се занимава и со изработка на компјутерски и телефонски мрежи, сервисирање на хардвер т.е персонални сметачи, серверски конфигурации и мрежна опрема. Изработка на системи за видео надзор и противпожарна заштита. Безбедносни системи и проектирање на секакви типови на мрежи.
ИЗРАБОТКА НА КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ
  • Изработка на компјутерски мрежи базирани на бакарни кабли (како основа за изработка се користат UTP, FTP, F²TP, STP кабли) од реномираниот производител Linkbasic. Од пасивни мрежни компоненти се користат завршни вградни и надградни приклучоци, категорија  3, 5Е,  6 и 6а. Најупотребувани се производите на Linkbasic и King-Da. За мрежната изведба да има целина мора да се обрне внимание на пластичните канали во кои се вградуват каблите (Univolt и Legrand) и на металните ормари (rack cabinet) од LinkBasic во кои се сместени пасивните (patch panels) и активните (Switches) мрежни чворишта на TRENDnet.
  • Изработка на компјутерски мрежи базирани на оптички кабли (како основа за изработка се користат single & multimode FO кабли) од реномирани производители, како што се Nexans, Belden, и други. Сите активни компоненти во овие мрежи се производ на TRENDnet & НР. Од пасивни оптички мрежни компоненти се користат завршни вградни и надградни приклучоци, monomode & multimode. Најупотребувани се производите на Nexans и Panduit. Вака изработените мрежи се тестираат и се издрава соодветен сертификат.
  • Изработка на безжичени компјутерски мрежи. Многу брзо и едноставно се конфигурираат и инсталираат сите компоненти за безжичена мрежа, производ на TRENDnet. Иако оваа технологија е релативно нова нашето искуство и квалитетот на TRENDnet ни овозможува целосна доверба во вака изработените конфигурации. Кај безжичните мрежи најбитно е да се овозможи висок степен на заштита ( WЕP, WPA, WPA-PSK, WPA2-PSK).
  • Изработка на хибридни компјутерски мрежи. Во зависност од објектот и потребите на корисниците, овие хибридни мрежи се комбинација од трите горе наведени.
    LAN
ИЗВЕДБА НА СИСТЕМИ ЗА ВИДЕО НАДЗОР

  • Вршиме комплетно проектирање и изведба на системи за видео надзор со висококвалитетни IP камери од реномираните производители IQinVision, AVTech и TRENDnet, а од страна на Synology имаме одлична подршка за складирање и прегледување на снимениот видео материјал. Исто така вршиме консалтинг на системи за видео надзор, согласно барањата на корисникот. Можноста за поврзување на оддалечени точки кој треба да влезат во еден ист сегмент, се решава со помош на СМЅ (central management system).

video

ИЗРАБОТКА НА ТЕЛЕФОНСКИ МРЕЖИ
  • Изработка на телефонски мрежи базирани на бакарни кабли (како основа за изработка се користат исклучиво UTP кабли) од реномирани производители, како и од наше сопствено производство.  Вообичаено е при изведба на компјутерските мрежи да се прават и телефонски, затоа што доста се заштедува на материјал и работна рака, отколку да се прави секоја мрежа поединечно.

telefon

ОДРЖУВАЊЕ НА КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМИ
  • ЈВСНет на сите мали, средни и големи компании нуди можност за тековно оджување на компјутерски системи. Детална проверка, дијагностика и решавање на сите компјутерски проблеми, заштита на податоци со квалитетни анти вирусни апликации, заштита на податоците со backup системи од страна на Synology. Во рамките на одржувањето спаѓаат: Надградба на антивирусни апликации и чистење на вируси, инсталација на потребен софтвер и драјвери, елиминирање на постоечки грешки и неправилности во системот.

hard

СЕРВИСИРАЊЕ И ПРОДАЖБА НА ХАРДВЕР
  • Вршиме сервисирање на сите видови персонални сметачи, сервери, монитори, мрежни компоненти, индустриска и наменска електроника.
  • Вршиме инсталација и конфигурација на DSMx.x за Synology уреди, како и сервисирање на истите.
  • Вршиме продажба на компјутерска опрема, галантерија и канцелариски материјали.
  • Изработуваме компјутерски (brand & no-name) конфигурации по желба на корисниците.
  • Изработуваме серверски конфигурации од BRAND производители.
  • Вршиме сервисирање на компјутерска опрема на лице место кај корисниците, за што се наплаќа 20€+18% од работен час, плус патни трошоци( надвор од градско подрачје).
  • Изработуваме WEB страници во зависност од потребата на корисниците.
  • Посредуваме во изработка на наменски софтвер.

Пребарување

Ценовник во PDF

Ценовник во PDF

Видео за Нас

Видео за Нас

Преку социјалните мрежи сме достапни