ЕВИДЕНЦИЈА НА РАБОТНО ВРЕМЕ
Системите за евиденција на работно време се состојат од три сегменти и тоа:
– читач на картички (конторлер)
– комуникатор
– апликација за преглед на евидентираното работно време
Во зависност од растојанието помеѓу читачот и персоналниот сметач каде се чуваат записите, како и од бројот на читачи (за поголеми објекти потребни се повеќе), може да биде поврзувањето со:
– RS485 / USB
– USB2.0
– Ethernet /WAN
– RS232 (сериска порта)
Изведуваме секакви комбинации на контрола на работно време, согласно потребите на корисникот и ифраструктурата на постоечките објекти. Согласно законот, секоја фирма која има повеќе од 25 вработени, мора да има имплементирано електронски систем за евиденција на работно време. Бенифитот на користењето на електроскиот систем за евиденција на работно време, е обострани, и за работодавачите и за вработените. Првите имаат комплетен преглед на динамиката и активностите во фирмата, а вторите т.е работниците, имаат доказа за времетраењето на нивниот ангажман, после завршување на работното време.
КОНТРОЛА НА ПРИСТАП
Електронската контрола на пристап е основен безбедносен систем кој што овозможува компјутерски делегирана заштита на одредена област/објект. Доверлива контрола за тоа на кој му е овозможен одреден пристап во одредено време може значително да ја намали изложеноста на ризик на фирмата или објектот.