• contact@jvsnet.com.mk
  • тел:02 3079556 факс:02 5511479

Компјутерски системи и хардвер

ОДРЖУВАЊЕ НА КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМИ

  • Во изминативе 12 години, собравме доволно искуство и знаење за да бидеме конкурентни во делот на одржување на компјутерските системи. Големиот број на задоволни корисници, сам по себе е потврда на нашата посветеност во овој сегмент. ЈВСНет на сите мали, средни и големи компании нуди можност за тековно одржување на компјутерски системи. Со оглед дека одржувањето е комплексна дејност, која бара и знаење и пред се доверливост кон клиентите ние одржувањето го вршиме во неколку делови:
  • - Детална проверка, дијагностика и решавање на сите компјутерски проблеми,
  • - заштита на податоци со квалитетни анти вирусни апликации (TrustPort Internet Security 2015),
  • - заштита на податоците со backup системи од страна на Synology (или соодветни зависно од потребите на корисникот).
  • Во рамките на одржувањето спаѓаат: Надградба на антивирусни апликации и чистење на вируси, инсталација на потребен софтвер и драјвери, елиминирање на постоечки грешки и неправилности во системот.
  • За компаниите кои не’ имаат ангажирано како фирма за одржување, даваме и консултации во насока на правилен избор на нова опрема која треба да се набави, посредуваме во сервисирање на опрема која не е во наша надлежност и избор на интернет провајдер согласно потребите на компанијата
  • Доколку некој нов клиент има потреба од понуда за одржување , наша екипа оди на лице место , се запознава со опремата, инфраструктурата и потребите на корисникот, па соодветно на тоа даваме и предлог договор во кој се опфатени сите права и обврски на корисникот.

СЕРВИСИРАЊЕ И ПРОДАЖБА НА ХАРДВЕР и СОФТВЕР

  • Вршиме сервисирање на сите видови персонални сметачи, сервери, монитори, мрежни компоненти, индустриска и наменска електроника.
  • Вршиме инсталација и конфигурација на DSMx.x за Synology уреди, како и сервисирање на истите.
  • Вршиме сервисирање на уреди за непрекинато напојување.
  • Вршиме продажба на компјутерска опрема, галантерија и канцелариски материјали.
  • Изработуваме компјутерски (brand & no-name) конфигурации по желба на корисниците.
  • Изработуваме серверски конфигурации од BRAND производители (DELL & HP).
  • Вршиме сервисирање на опрема за видео надзор, противпожарна заштита и системи за дојава.
  • Вршиме сервисирање на опрема за евиденција на работно време.
  • Вршиме сервисирање на компјутерска опрема на лице место кај корисниците, за што се наплаќа 20€+18% од работен час, плус патни трошоци ( надвор од градско подрачје).
  • Изработуваме WEB страници во зависност од потребата на корисниците.
  • Посредуваме во изработка на наменски софтвер.

Пребарување

Ценовник во PDF

Ценовник во PDF

Видео за Нас

Видео за Нас

Преку социјалните мрежи сме достапни