За Нас

ЈВСНет ДООЕЛ е основана на 01.08.2002 како компанија која се занимава со давање на услуги од областа на Информатичката Технологија. Основна дејност е тековно одржување на компјутерски системи, проектирање, изработка и одржување на компјутерски мрежи, системи за видео надзор, противпожарни системи како и консалтиг од областите наведени погоре.

Од крајот на 2002 година ЈВСНет е застапник за производите на реномирана Американска компанија за производство на мрежна опрема TRENDnet USA . Со повеќе од 380 висококвалитетни производи оваа фирма е конкурентна како на светскиот, така и на македонскиот пазар. Покрај квалитетот и цените се доста конкурентни. Најдобар доказ за домаќинското работење на TRENDnet е нивното 25 годишно постоење.
http://www.trendnet.com/langen/buy/default.asp?buy=Macedonia,%20Republic%20of

Oд мај 2006 година сме генерален застапник за Република Македонија, за реномираната компанија Synology Taiwan , која произведува NAS (Network Attached Storage) уреди, односно мрежни уреди за зачувување на податоци. Со текот на годините оваа компанија које е носечки бренд на ЈВСНет израсна во гигант во својата класа. Ние како дистрибутери за брендот може да се пофалиме дека со нивна помош покривме скоро 70% од Македонскиот пазар на НАС-ови за мали и средни бизниси. Интенција е да влеземе и во делот на големите бизнис корисници во наредниот период. Производите на Synology може да се најдат и во продажните салони на најголемиот македонски телекомски оператор. Вредно е да се напомене дека покрај територијата на Македонија, ги покриваме и Србија, Албанија и Косово.
https://www.synology.com/en-global/wheretobuy/Macedonia

Oд Јуни 2007 година сме генерален застапник и за двете најреномирани светски фирми, од областа на произвоството на вентилатори и ладилници, NOCTUA & COOLINK Austira. Во својата гама на производи NOCTUA е застапена со висококвалитетни вентилатори кои имаат гаранција >150000h. Истите се вградени и во ладилните тела за процесори како за Intel, така и за AMD. Малку поширок спектар на производи има COOLINK, кој на своите производи дава гаранција >75000h.
Со добивањето на аворизацијата за NOCTUA & COOLINK, ЈВСНет само ја потврди својата определба да на Македонскиот пазар пласира производи кои се меѓу најдобрите во светот.
http://noctua.at/main.php?show=bezugsquellen

Делот кој ја опфаќа покриеноста на инфраструктурата на пасивните мрежи го комплетиравме со ОЕМ производство во фабриките на Linkbasic China, со една многу широка палета на производи, висококвалитетни и со пристојни цени. Нашата посветеност на овој дел од ИТ пазарот започна во Март 2010 година.
http://www.linkbasic.com/

Потребата од разни додатоци во компјутерскиот сегмент, наложи барање за соработка со таков бренд, 2012 започна соработката со Spire-corp, реномирана компанија која произведува: куќишта, напојувања, вентилатори, галантерија итн. Мали, но толку потребни делови во асемблирањето на персонални сметачи е покриен со овој бренд.

http://www.spire-corp.com

Новата 2013 година донесе уште еден висококвалитетен бренд во нашето портфолио, германската компанија PowerWalker (BlueWalker), со што го покривме и делот на уреди за непрекинато напојување. Гамата на производи поделена во три сегменти, домашна, средна и бизнис класа, сама по себе е потврда за посветеноста на брендот да го покрие целокупниот спектар на корисници. Во изминатиот период имаше неклку проекти поврзани со УПС-ите , и се докажа дека овој бренд е прав погодок за нашата компанија.
http://www.powerwalker.com

Борбата за се поголем дел од тортата во делот на видео надзор, не усмери кон бренд кој произведува камери и дополнителна опрема, со добар квалитет но со поприфатливи цени. AVTech Taiwan е брендот со кој во 2014 година остваривме соработка во областа на видео надзорот. Новите WDR IP камери на AVTech се адут кој треба да се искористи.
http://www.avtech.com.tw/

Во 2014 година станавме HP Business Partner во делот на печатачи, скенери, персонални сметачи, преносни сметачи, сервери и потрошен материјал.
http://h10120.www1.hp.com/expertone/

Тимот на ЈВСНет во изминативе 14 години, покажа и докажа дека е кадар да се носи со сите предизвици кои ги бара македонскиот ИТ пазар на услуги и добра. Долгогодишната континуирана соработка со исти вендори е доказ за нашите добри намери да се искачиме на пиедесталот во нашата фела. ВАШИТЕ ПОТРЕБИ СЕ НАШ ПРЕДИЗВИК !

 

 

 

Сертификати

9001-mk 9001-en 14001-mk 14001-en

Авторизација

Synology_Authorized_Distributor_Jvsnet noctua coolink trendnet linkbasic TP_cer IQ_cer PWAF
Synology Noctua Coolink TRENDnet Linkbasic TrustPort IQinVision PowerWalker

Референтна листа