ИЗРАБОТКА НА КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ

  • При процесот на изработка на компјутерски мрежи базирани на бакарни кабли како основа го користиме изведбениот проект на инвеститорот. Доколку таков не постои, во согласност со потребите на корисникот, сами правиме проект врз основата на димензиите на објектот. Прв сегмент во изведбата е поставувањето на инфраструктурата т.е траса по која ќе се инсталираат каблите. Временски тој дел одзема и најмногу време. Од особена важност е поставеноста на ормарот во самиот објект. Ако ормарот се постави на вистинското место , инвеститорот може да заштеди и до 30% во делот на каблирањето. Вообичаено инсталацијата на каблите оди во пластични канали, со соодветни димензии на потребите, но ако за тоа има неопходна потреба, каблирањето може да оди и во црева вградени во ѕид или полочени на бетонска основа. Втор сегмент во изработката на мрежите е терминирање на корисничките места и собирниците во ормарот. Во зависност од типот на употребен кабел и бројот на работни места, користиме и соодветна опрeма (cat.5e, cat.6, cat.6A). Третиот и последен дел е тестирањето на линковите. Повторно во зависност од потребите на инвеститорот вршиме електрично мерење на исправноста на линковите, или сертификација на квалитет на изработеното, за кое издаваме соодветна документација. Сето горе наведено, може да го надополниме со активна мрежна опрема (switch 10/100Mbps; switch 10/100/1000Mbps; switch 2.5/5/10Gbps; web smart switch, L2 switch, PoE switch…

    Чекори за изработка на мрежа

    Изработката на компјутерската мрежа се одвива во неколку чекори меѓу кои главни се:

    N

    планирање на мрежната инфраструктура и каблирање

    N

    терминирање на мрежните кабли на корисничките места и собирниците во ормарот

    N

    тестирање на мрежата и пуштање во употреба

      • Изработката на компјутерски мрежи базирани на оптички кабли како основа користи single & multimode FO кабли. Инсталацијата на оптички кабли бара одредени однапред дефинирани позиции. Денешната технологија овозможува поголема флексибилност на поставување на каблите, но и понатаму треба да се почитуваат техничките спецификации на производителот и условите на работа. Слично како и инсталацијата на бакарните кабли, и оптичките се одвиваат во три фази. Разликата е последната фаза каде спојувањето (splice), го врши друга фирма која издава и атест за сработеното. Вака изработените мрежи се тестираат и се издрава соодветен сертификат.

       

      • Изработката на безжичени компјутерски мрежи во денешно време е составен дел од секаја мрежа, т.е се изработуваат комбинирани мрежи. Многу брзо и едноставно се конфигурираат и инсталираат сите компоненти за безжичена мрежа. Технологијата за напојување на уредите преку сигналниот кабел – PoE, е надополнување на системот на изработка на ваквите мрежи. Кај безжичните мрежи најбитно е да се овозможи висок степен на заштита (WЕP, WPA, WPA-PSK, WPA2-PSK). Најчесто користени компоненти се HotSpot AP, со брзини до WiFi 6 6600 Mbps;

       

      • Изработка на хибридни компјутерски мрежи. Во зависност од објектот и потребите на корисниците, овие хибридни мрежи се комбинација од трите горе наведени. Често пати вршиме и инсталација на безжичени линкови (bridge mode), за поврзување на мрежи во различни објекти. Максимално растојание кое може да покриеме со наша опрема е 10Km.

       

      Зошто да не одберете нас

      ЈВСНет ДООЕЛ повеќе од 20 години се занимава со  проектирање, изработка и одржување на компјутерски мрежи.

      Жичани мрежи со брзина до

      Безжични мрежи со брзина до

      Наши клиенти